речник контакт

Кој е автор на грбот на Велес?

Хералдичарите со позитивни оценки за изгледот грбот на градот кој е донесен на 4 ноември 1969

Петар Печков

Грбот на општина Велес е долговечен и донесен пред 42 години. Тој е во форма на штит, на горниот дел е напишано името на градот а во средината е Градскиот саат, под него е машински запчаник, кој ја симболизиран индустријата, која се до пред десетина години беше движечка гранка за развој на општината. Лево и десно од  Саат кулата се амфитеатрално поставени двете страни на градот со повеќе куќи, а под нив се бранови, кој ја симболизираат реката Вардар.

Грбот на Велес, тогаш донесен како амблем, е решение на Тодор Груев. За сите овие години тој нема промени, освен во 1997-та кога се избриша придавката Титов од името  на градот, па се избриша и од грбот. Со понуденото решение, тој го отсликува Велес, немаше идеолошки знаци  и затоа успеа  да остане ист толку време, како што е донесен – вели Никифор Смилевски, пензиониран новинар, истражувач на велешката историја.

Според документите од Државниот архив,  при истражувањето на ТРМР,  грбот на Велес е донесен наменски  на седница на Собранието на општината на 4-ти ноември 1969-та неколку дена пред  празнувањето на ослободувањето на градот, во време кога претседател на градот бил Александар Варналиев.

Во документите не пишува дали грбот е донесен по повик на конкурс или е нарачан од авторот,  Тодор Груев  кој бил дипломиран етнолог, директор на велешкиот музеј од неговото формирање 1951 до 1972 кога со сопругата го напушта Велес и  заминува во Осијек Хрватска. Во една пригода им се доверува на блиските дека добива и шамар од полицискиот началник, обвинет дека е предизвикувач на пожар во музејот на Васил Главинов, кој се случил на 4-ти февруари 1972, вечерта по чествувањето на годишнината на смртта нa Гоце Делчев, кога куќата изгорела до темел.

По некое време не можејќи да ги издржи притисоците од полицијата, со сопругата заминува од Велес, оставајќи му го грбот  на градот како наследство и  негово дело. Во тој  период химна на градот беше партизанската песна  ,,Крвава зора Велес го грее,, која поради идеолошки причини беше сменета во 2005-та со ,,Болен ми лежи Миле Поп Јорданов,,.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »